Светлосниот меч на Дарт Вејдер наскоро на аукција- се очекува да се продаде за 3 милиони долари

31.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светлосниот меч на Дарт Вејдер наскоро на аукција- се очекува да се продаде за 3 милиони долари

Аукцијата на „Пропсторе“, која се одржува од 4 до 6 септември, ќе вклучува и камшик, ремен и кожна футрола за пиштол од „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ (1989) и костимот на Џејн Фонда од „Барбарела“ (1968).

Светлосниот меч на Вејдер во вредност од милиони долари

Се очекува светлосниот меч на Дарт Вејдер да достигне цена од 1 до 3 милиони долари, додека костумот на Бетмен би можел да достигне цена од 250.000 до 500.000 долари.

Реквизитите на Индијана Џонс би можеле да достигнат цена од 250.000 до 500.000 долари, додека костимот на Џејн Фонда се очекува да достигне цена од 20.000 до 40.000 долари.

Спајдермен и Вонземјанин меѓу ѕвездените реквизити

Исто така, има и костим на Спајдермен од филмот од 2002 година во кој глуми Тоби Магваер, проценет на 100.000 до 200.000 долари, како и пламенофрлач што го користела Сигурни Вивер во „Вонземјани“ (1986), кој би можел да достигне цена од 125.000 до 250.000 долари.

„Собравме најимпресивен избор на автентични реквизити и костими што некогаш се појавиле на аукција, сите парчиња од културната историја што продолжуваат да инспирираат страхопочит и восхит децении откако првпат се направени“, рече Брендон Алингер од „Пропсторе“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата