Косовската претседателка ѝ додели државјанство на Дуа Липа

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косовската претседателка ѝ додели државјанство на Дуа Липа

Во објава на својот Фејсбук профил вчера, Османи рече дека тоа е „посебна чест“ за земјата, нагласувајќи дека пејачката е една од најважните културни и уметнички личности во историјата на Косово.

„Добредојде дома, Дуа. Таа беше и продолжува да биде еден од најсилните гласови на најголемите светски сцени, пишувајќи историја со своите достигнувања и постанувајќи инспирација за милиони луѓе низ целиот свет“, напиша Османи.

Таа го пофали придонесот на Липа за промоција на Косово на меѓународно ниво, охрабрувајќи ги младите луѓе и поддржувајќи ја тамошната уметност.

„Косово секогаш ќе се гордее со тебе“, нагласува Османи на крајот.

Дуа Липа е британска поп-пејачка и глумица со албанско потекло, родена во Лондон. Таа има освоено 7 „Брит“ награди и три награди „Греми“ награди со својата музика. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата