Софија Вергара во танга, без грам целулит, открива како ја одржува својата фигура во 50-тите го

19.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Софија Вергара во танга, без грам целулит, открива како ја одржува својата фигура во 50-тите го

Каде и да се појави, било да е на црвениот тепих, на прошетка низ градот или на патување, таа секогаш изгледа беспрекорно - со уредно стилизирана коса, дискретна, но ефектна шминка и внимателно избрана гардероба.

Во едно од интервјуата, оваа актерка признава дека ја мие косата секој ден и дека секогаш користи маскара и кармин, макар и во мали количини. Убавината, вели таа, не е само прашање на генетиката, туку и на негата - и однатре и однадвор.

Убавина со став - ништо премногу

Позната по својата занесна фигура и младешки изглед, Софија Вергара (52) никогаш не м робувала на строгите диети или напорните режими на вежбање. Наместо тоа, нејзиното мото е едноставно: „Ни премногу храна, ни премногу вежбање – сè умерено“. Тоа е, тврди таа, клучот за нејзината виталност и добрата форма.

Таа го започнува денот со здрав појадок кој не се променил со години - мешавина од овесна каша, грчки јогурт, чиа семе, ореви и боровинки, ова ѝ дава енергија и чувство на ситост без да ја оптоварува. Ручекот се базира на лесни протеини, како што се риба и свежа салата, додека вечерата е уште поедноставна - суши, интегрален ориз, зеленчук на пареа и посно месо.

Без грижа на совест за слатките

Иако внимава на исхраната, Софија не крие дека обожава благо, особено торта. Како што вели, тоа е нејзината „најслаба точка“ и секогаш мора да има барем едно парче дома. Сепак, таа не претерува и не чувствува вина поради малите задоволства.

– Секогаш се обидувам да смислам како да се искрадам со нешто благо по вечера или пред спиење. Дури и да направам грешка, не се каам. Рамнотежата е најважна - искрено изјави таа за медиумите.

Во ова тој има поддршка од нејзината фитнес инструкторка Џенифер Јејтс, која исто така верува дека прекумерните ограничувања водат до опсесија, додека умереноста носи долгорочни резултати.

Занесна и на 52 години: „Годините не ти можат ништо“

Неодамна, Софија повторно ги запали социјалните мрежи објавувајќи фотографија како лежи покрај базенот и се сонча во танга гаќички. Без горниот дел од бикините, во опуштена поза, таа покажа завидна фигура и затегнато тело кое предизвика лавина од коментари.

Нејзините следачи беа воодушевени:

- „Софија, сакам да се венчам со тебе веднаш!“

- „Ти си како виното, годините не ти можат ништо.“

- „Најзгодната жена на светот“.

Меѓу бројните коментари се издвои пораката на Лорен Санчез, свршеницата на милијардерот Џеф Безос, која едноставно и напиша: „Убавица“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата