Славен актер обвинет дека претепал познат папарацо фотограф

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Славен актер обвинет дека претепал познат папарацо фотограф

Се вели дека Барилари отишол во Бар Хари кога добил дојава дека Депардје вечера таму со својата пријателка Магда Ваврусова.

Барилари истакнал дека Ваврусова тргнала кон него, а по неа и 76 годишниот Депардје, кој наводно три пати го удрил фотографот, поради што тој паднал на земја, по што бил пренесен во болница поради рана во близина на левото око.

Барилари тврдел и дека Депардје му го покажал средниот прст, му фрлил коцка мраз и го навредувал со погрдни зборови, пренесува Гардијан.

Депардје ги негира тврдењата, а подоцна изјави за Република дека Барилари го турнал, а адвокатот на Ваврусова рече дека Барилари „насилно ја турнал“ нејзината клиентка и дека Депардје „паднал и се лизнал“ врз папараците.

За време на кариерата долга повеќе од шест децении, Барилари се маскирал во свештеници, градинари и ѕидари за да ги фотографира богатите и славните, вклучувајќи ги принцезата Маргарет, Џеки Кенеди, Битлси и Френк Синатра.

– Можам да му ги простам неговите удари, но не и навредата кон Италијанците – изјави Барилари за италијанската новинска агенција Аднкронос.

Претходно овој месец, судот во Париз му одреди условна затворска казна од 18 месеци на Депардје, откако беше осуден за сексуален напад на две жени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата