Свини минатата година започна соработка со бренд за природни сапуни, а кампањата што тогаш ја сними, која вклучуваше неколку промотивни фотографии и видеа, брзо стана вирална. Сега следи продолжението.
Во новата соработка, Свини претстави сапун направен од водата во која се капела за потребите на минатогодишната реклама, според неа и брендот.
„Постојано прашувавте за мојата бања, па ја зачувавме“, стои во објавата на Инстаграм со која актерката го најави новиот производ.
„Ви го претставуваме Sydney Bathwater Bliss – навистина реален, многу ограничен сапун направен со мојата вистинска бања.“
„Morning Wood“
Сапунот ќе биде достапен од 6 јуни на страницата на брендот, а според описот ќе мириса на „Morning Wood“ – израз што буквално значи утринско дрво, но често се користи како шеговит израз за машко утринско возбудување.
„Совршен спој на двете најдобри места на светот: природата и кадата на Сидни Свини“, стои во описот на производот.
Само 5.000 парчиња сапун
Ќе бидат произведени само 5.000 парчиња, па станува збор за ограничено издание. Цената на еден сапун ќе биде 8 долари.
Во коментарите под објавата на актерката се нижат бројни реакции – од пофалби до изненадување:
„Фала, земам 100 парчиња“, „Што и да ги натера мажите конечно да се избањаат“, „Нема шанси ова да е вистинито“, „Ајде малку сериозност“, „Те сакам, ама не и водата од твојата бања“, „Девојко, те молам?“ – се само дел од коментарите.