Познатиот актер ужива во брак со 30 години помлад маж: „Среќен сум“

4.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатиот актер ужива во брак со 30 години помлад маж: „Среќен сум“

Иако меѓу нив постои речиси 30 години разлика, Фрај вели дека токму таа генерациска разлика станала предност во нивната врска.

„Елиот ме запозна со сосема нови работи. Ме научи на музика, ми го претстави Кендрик Ламар, кого сега го сметам за вистински поетски дух, извонреден уметник. А сега навистина ќе ве насмеам – ме воведе и во светот на кечерството“, призна Фрај, додавајќи дека купил билети за кечерска претстава во Лас Вегас.

Проговори и за нивното секојдневие и динамика во врската: „Јас сум енергичен и зборлив наутро, додека тој е потивок. Морав да научам како да се смирам, а тој се трудеше да не ми вика“, рече. Како клуч на успешна врска го наведе – ведрината.

„Кога сте во присуство на ведра личност, сè е полесно. Како да носи свое сопствено сонце со себе“, додаде тој.

Иако последниве години ретко се појавуваат заедно, Фрај во јануари објави црно-бела фотографија од нивната свадба со опис: „Десет среќни години брак. Среќен човек сум.“

Се запознале во 2012 година

Фрај се присети и на својата прва вљубеност, кога како тинејџер сфатил дека му се допаѓа истиот пол: „Бев опседнат со еден дечко од училиште. Мислев дека е тоа некоја болест, па часови минував во библиотеки барајќи објаснување. Така открив дека тоа е – љубов“, раскажа тој.

 

Инаку, Стивен Фрај и Елиот Спенсер се во брак од 2015 година. Се запознале во 2012 година на забава кај заеднички пријател, а само неколку недели по свршувачката, парот се венчал на интимна церемонија во Норфолк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата