Шерон Стоун откри зошто ги премотува еротските сцени во филмовите

2.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шерон Стоун откри зошто ги премотува еротските сцени во филмовите

Во интервју за американската телевизија Си-би-ес (CBS), 68-годишната актерка се потсети на својата улога во еротскиот трилер „Ниски страсти“ (1992), каде што ја игра писателката Кетрин Трамел. Сценариото кое ја следи истрагата на детективот Ник Карани (Мајкл Даглас) за брутално убиство, содржи сцена која и ден – денес се смета за контроверзна (Стоун прекрстува нозе за време на сослушување, откривајќи дека не носи гаќички).

- Се сеќавам кога излезе „Ниски страсти“. Прекрстувањето на нозете, па нивното раздвојување. Сè стана малку лудо. Луѓето очајнички се обидуваа да разберат што се случува. Моќта на таа сцена беше во мистеријата, желбата и копнежот - елементи кои денес често недостасуваат. Затоа кога се појавуваат еротски сцени на телевизија, јас ги премотувам. Не сакам да поминувам низ отворена и груба сексуалност. Сакам желба, мистерија, копнеж. Сакам тоа да го зачувам во себе, изјави Стоун.

Актерката призна дека сцената од „Ниски страсти“ значително ја обликувала нејзината кариера, но вели дека не се кае што ја оставила во филмот. Иако имала законско право да ја отстрани, таа решила да не го стори тоа, верувајќи дека сцената ќе го направи филмот подобар.

- Кога направив растојание како режисер, а не како актерка, сфатив дека тоа го подобри филмот, заклучи Стоун. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата