Шакира падна среде сцената во Монтреал, фановите ја пофалија за реакцијата (ВИДЕО)

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шакира падна среде сцената во Монтреал, фановите ја пофалија за реакцијата (ВИДЕО)

Таа се лизна и падна.

Колумбиската музичка ѕвезда моментално е на светската турнеја Las Mujeres Ya No Lloran, на која го промовира својот нов албум Las Mujeres Ya No Lloran. 48-годишната пејачка во последните недели настапува низ САД и Канада, а токму во Канада се случи незгоден момент што можеше да резултира со повреда.

Шакира се лизна и падна додека пееше еден од своите најголеми хитови. Сè помина без сериозни последици - таа брзо стана, се истресе и продолжи како ништо да не се случило.

„Вистинска шефица“

Нејзиниот професионализам предизвика бран пофалби од фановите на социјалните мрежи - многумина ја нарекоа „вистинска шефица“. Некој, загрижен, напишал: „Се надевам дека не се повредила. Ваквите падови предизвикуваат болка и повреди следниот ден наутро.“ Сепак, обожавателите немаа причина да се грижат - Шакира ја продолжи турнејата без никакви проблеми и одржа концерти во Детроит, Чикаго и Торонто.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата