Саша Барон Коен сподели трогателна порака за поранешната сопруга Исла Фишер

3.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саша Барон Коен сподели трогателна порака за поранешната сопруга Исла Фишер

Барон Коен покажа дека се уште се блиски посакувајќи ѝ среќен 50-ти роденден на Фишер. Во објава на Инстаграм, покрај нејзината фотографија, тој напиша: „Среќен роденден на најсмешната и најрадосна личност, неверојатно талентирана актерка и прекрасна мајка. Нека твојата следна деценија биде уште подобра.“

За потсетување, актерката потврди на Инстаграм во 2024 година дека официјално поднеле барање за развод.

Покрај фотографија од нив во тениска опрема, таа напиша: „По долг тениски натпревар што траеше повеќе од дваесет години, конечно ги тргаме нашите рекети. Заедно поднесовме барање за развод во 2023 година.“

Фишер подоцна рече дека разводот бил најтешкиот период низ кој поминала, но се чини дека останале во добри односи.

Иако шпекулациите за проблеми во нивниот брак кружеа со години, ниту Коен ниту Фишер не дадоа никакви јавни изјави до 2024 година, кога ја потврдија својата разделба. Официјалниот развод беше финализиран кон средината на јуни 2025 година.

Саша Барон Коен, познат по улогата на Борат, и австралиската актерка Исла Фишер се запознаа во 2001 година во Сиднеј. Три години подоцна, тие се свршија и се венчаа во 2010 година во Париз на приватна церемонија со нивните најблиски пријатели. Двојката има три деца заедно, а Исла неодамна нагласи колку е важно родителството за неа: „Тоа е најтешкото нешто низ кое сум поминала и научив толку многу за себе во тој процес. Никогаш не замислував дека моето семејство ќе се распадне, но ние сме посветени родители кои ги сакаат своите деца пред сè.“

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата