Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

2.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

- Го сакав и поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и ја поддржувам Ајрин како ќерка. Не знам зошто толку драма? Ги сакам сите мои деца, изјави тој за „Варајети“ (Variety).

Ајрин во неодамнешно интервју за списанието „Дем“ (Them) рече дека ниеден родител не е совршен, но дека им е благодарна на своите родители што ја држеле подалеку од очите на јавноста и ѝ дозволиле да има нормално детство. Таа зборуваше и за луѓето што ја инспирирале јавно да објави дека си направила транзиција. Меѓу нив е и Лаверн Кокс.

- Ги гледам трансродовите жени кои се искрени, отворени и успешни, особено во јавниот домен како што се социјалните медиуми. Помислив: „Знаеш што? Можеби не е предоцна за мене“, рече таа.

Ајрин е едно од седумте деца на Де Ниро. Меѓу нив се и Џија, Дре, Рафаел, Џулијан, Елиот и Хелен Грејс.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата