Малку се знае за првиот брак на познатата актерка, кој траеше само една година.
Холивудската дива Моника Белучи, жена со нереална убавина која неодамна го прослави својот 60-ти роденден и изјави дека ужива во годините, зад себе има два брака и неколку големи љубови.
За прв пат убавата Италијанка се омажи во 1990 година, кога веќе беше едно од најпрепознатливите лица на модната сцена, а судбоносно „да“ му кажа на пет години постариот аргентинско-италијански моден фотограф Клаудио Карлос Басо.
Таа тогаш имаше само 23 години, а бракот траеше само една година.
Иако се знае многу за вториот брак на Моника Белучи, со актерот Винсент Касел, со кој има две ќерки, тоа не е случај со првиот.
Свадбата на Моника и Клаудио Карлос Басо се одржала во Монте Карло, но само за блиските членови на семејството и блиските пријатели, пишува италијанскиот магазин „Чи“.
А она што посебно изненадува е венчаницата која актерката ја носела тој ден, далеку од традиционалниот, бел, раскошен фустан... Во јавноста се појавија неколку фотографии, а црното издание на Моника и модното парче со качулка се уште се коментираат многумина денес.