Пресврт во истрагата за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга, полицијата со нови информации

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пресврт во истрагата за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга, полицијата со нови информации

Обдукцијата на Бетси утврдила дека начинот на смртта бил природен, а властите претходно веруваа дека таа починала на или околу 11-ти февруари. Резултатите од токсикологијата се уште се чекаат.

„Во очекување на податоците за мобилните телефони, истрагата на Одделот на шерифот на округот Санта Фе утврди дека последната позната активност на г-ѓа Хекман била на 11 февруари 2025 година“, потврдија властите за Fox News Digital.

- Сега можеме да потврдиме дека телефонот на г-ѓа Хекман бил користен утрото на 12-ти февруари за да се јави во медицински центар во Санта Фе, Cloudberry Health.

- Утрото биле направени вкупно три повици, сите во медицинскиот центар. Тоа попладне беше упатен дојдовен повик до г-ѓа Хекман од истиот медицински центар. Се чинеше дека се работи за пропуштен повик на мобилниот телефон на г-ѓа Хекман.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата