Позната пејачка низ солзи откри страшна дијагноза, откако користела оземпик за слабеење (ВИДЕО)

30.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Позната пејачка низ солзи откри страшна дијагноза, откако користела оземпик за слабеење (ВИДЕО)

Таа ги повика да не го користат освен ако не им го препише лекар. Ејвори, чие вистинско име е Ана Јанители, тврди дека ѝ била дијагностицирана остеопороза по една година користење на Оземпик.

Во првото видео, Ејвери објасни дека отишла на лекар на преглед по два месеци некористење Оземпик за да провери дали нејзиното тело закрепнало. Сепак, таа останала во шок откако ѝ била дијагностицирана остеопороза. Остеопорозата предизвикува слабеење и кршливост на коските до тој степен што дури и мал пад може да доведе до фрактура.

- Не ја очекував оваа дијагноза. „Изгледа дека Оземпик може да предизвика губење на коскената маса, а не мислев дека тоа ќе ми се случи бидејќи бев на него само една година“, рече Ејвори.

„Ве молам научете од моето искуство“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Avery (@averyofficial)

Таа додаде дека лекот не го добила на рецепт, тврдејќи дека е „многу лесно да се набави деновиве“. Таа откри и дека страда од пореметување во исхраната. "Направив грешка. Ја прифаќам одговорноста за моите постапки. Ве молам да научите од моето искуство", рекла Ејвори, додавајќи дека ќе започне со лекување и ќе земе соодветна терапија.

„Ве молиме бидете внимателни со Оземпик освен ако не ви е потребен медицински“, предупреди таа. Во подоцнежното видео, таа појасни дека нејзината цел не била да го „демонизира“ Оземпик, туку да ги информира луѓето за можните последици од неговата неправилна употреба.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Avery (@averyofficial)

Американската пејачка и текстописец Ејвери, со вистинско име Ана Јанители, ја започнала својата музичка кариера во раните дваесетти години. Таа објави неколку значајни песни, меѓу кои „Go Screw Yourself“ и „Good Times“. Нејзината музика комбинира елементи од поп и инди жанрови, а таа е позната по емотивните текстови и уникатниот вокален израз.

Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 250.000 луѓе.

Ozempic е развиен од фармацевтската компанија Ново Нордиск и првично бил одобрен во голем број земји за третман на дијабетес тип 2. Неговата активна состојка, семаглутид, се врзува за хормонските рецептори кои го контролираат шеќерот во крвта, стимулирајќи го ослободувањето на инсулин кога нивото на гликоза е високо.  Исто така го намалува апетитот.

Според UC Davis Health, медицински центар на Универзитетот во Калифорнија, Ozempic не е одобрен како лек за слабеење, но Wegovy, кој содржи поголема доза на семаглутид (активна состојка на Ozempic), е одобрен за таа цел.

Според Diabetes UK, Ozempic може да се користи од возрасни со дијабетес тип 2, а Националниот институт за здравје и клиничка извонредност (NICE) препорачува да се препише ако три претходни лекови биле неефикасни или ако пациентот не можел да земе други лекови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата