Позната јапонска инфлуенсерка почина на 26 години – веста ја потресе онлајн заедницата

9.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Позната  јапонска инфлуенсерка почина на 26 години – веста ја потресе онлајн заедницата

Јапонската инфлуенсерка позната како Зепа почина на 26-годишна возраст, потврдено е преку објава на нејзиниот официјален профил на социјалната мрежа „X“.

Во соопштението се наведува дека нејзината смрт била „неочекувана“, а погребот бил одржан во приватност, во присуство само на најблиското семејство.

Зепа беше позната по своите комични видеа, а имаше повеќе од 1,4 милиони следбеници на платформи како „YouTube“, „TikTok“, „Instagram“ и „X“.

Во јавноста беше препознатлива и по тоа што отворено зборуваше за личните предизвици, вклучително и проблеми со алкохол. Во една од последните објави, таа навестила дека се соочува со зависност.

Нејзината смрт предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде фановите споделуваат пораки на сочувство и сеќавања на нејзината работа.

Извор: People.com

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата