Главната улога му припадна на италијанскиот актер Рикардо Скамарчи, а покрај него ќе глумат Ал Пачино, Пјер Нинеј и Луиза Раниери.
Ова е втор долгометражен филм на Џони Деп. Своето деби како режисер го имаше во 1997 година, кога го сними нео-вестернот The Brave, во кој глумеше заедно со Марлон Брандо.
Деп веќе неколку години го развива својот втор филм, а сценариото, базирано на драмата за Модиљани од 1997 година, го пишуваат Јержи и Мери Кромоловски. Според официјалниот синопсис на филмот, дејството ќе се одвива во Париз во 1916 година и ќе ни покаже 48 часа од животот на познатиот сликар и скулптор. Тоа се околу два дена кои станаа пресвртница во неговиот живот и на крајот ја зацементираа неговата репутација како уметничка легенда.
Се очекува продукцијата Modì да се пресели во Италија по неколку недели снимање во Будимпешта, за која се верува дека ќе се користи како замена за Париз.