Популарната српска пејачка Теа Таировиќ, која неодамна ја наполни загрепската Арена до последно место, е една од најбараните музички ѕвезди од помладата генерација.
Денес, Теа е сопственик на луксузни станови и куќи во три града: Нови Сад, Белград и на црногорското приморје. Иако долго време живееше со мајка ѝ Божица во семејната куќа во Нови Сад, неодамна купи стан во Белград вреден околу 300.000 евра. Според медиумите, го платила во готово со помош на проверен агент кој ѝ пронашол совршен дом. Во новиот стан се вселила со својот партнер, отворајќи ново поглавје во приватниот живот.
Можеби ќе ве интересира: Еве како изгледаше свадбата на Теа Таировиќ – „Да“ под купола со балдахин, венчаница вредна 18.000 евра (ФОТО
„Тоа ѝ беше желба со години“, открива извор близок до пејачката за „Мондо“. Но тука не завршуваат нејзините вложувања – Теа купи и луксузен апартман во Бока Которска за кој, според медиумите, платила 430.000 евра. Таа сакала простран стан со голема тераса, поглед на море и видео надзор.
Неодамна се омажи на тајна церемонија во кругот на блиски пријатели и колеги.
Можеби ќе ве интересира: Теа Таировиќ со жежок танц за новата песна: Ми требаше ден за да се соберам (ВИДЕО)
Популарноста на Теа постојано расте – моменталната цена на еден нејзин настап изнесува околу 25.000 евра, а поради големиот успех на последниот албум, побарувачката за неа е поголема од кога било. Со својата нова песна „Cuk Guzel“ стана најслушана изведувачка на Балкан, пренесува Дневно.хр.