Објавен е токсиколошкиот наод на починатиот пејач Лиам Пејн- во крвта имал „розов кокаин“

21.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавен е токсиколошкиот наод на починатиот пејач Лиам Пејн- во крвта имал „розов кокаин“

Пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во неговиот систем, вклучително и „розов кокаин“, кога паднал од балконот на неговиот хотел и починал, според извештаите на аргентинската полиција.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн откриле траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА. „Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговиот систем кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес“, се вели во извештајот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Liam Payne (@liampayne)

„Овие супстанции вклучуваа „розов кокаин“ - рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку дроги, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други - како и кокаин, бензодиазепини и крек, најдени во неговиот хотелска соба“, се наведува.

Додека продолжуваат тестовите на супстанции - бел прав, траги од хемиски кристали и лекови на рецепт - пронајдени во неговиот апартман во хотелот каде што починал, резултатите од обдукцијата на неговото тело биле завршени претходно.

Поранешниот пејач на One Direction, Лиам Пејн, почина на местото на настанот од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, потврдија службите за итни случаи во Буенос Аирес минатата недела.

31-годишниот пејач паднал од третиот кат во дворот на хотелот Каса Сур во главниот град на Аргентина. Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде Лијам Пејн загинал при пад се под истрага за наводно снабдување на пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт. Мажите се обвинети дека шверцувале разни наркотици во апартманот на пејачот во хотелот CasaSur во луксузниот кварт Палермо.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Liam Payne (@liampayne)

Се верува дека камериер и уште еден член на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лиам по неговата смрт. Се верува дека раководството на CasaSur било свесно за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.

Детективите ги испрашувале и вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот. „Во хотелот имало двајца мажи кои го снабдувале Лиам со дрога“, открил близок пријател на Лиам Пејн. „Праќаа такси да му земат пакети. Еден од тие луѓе работеше во одделението за чистење.

По смртта на Лиам, забележале дека на домашната адреса на вработениот е испратено такси. „Менаџерот на хотелот го прашал зошто таксито отишло на неговата домашна адреса, а кога не можел да даде објаснување, добил отказ“, додаде тој.

Да потсетиме дека полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн била „во целосен хаос“ и дека бројни предмети „се скршени и расфрлани“. Во соопштението за медиумите се наведува и дека во внатрешниот двор на хотелот, каде што е пронајдено телото на пејачот, биле пронајдени и шише виски, запалка и мобилен телефон.

Розовиот кокаин, познат како туси, всушност не е кокаин, туку синтетичка дрога која е комбинација од различни психоактивни супстанци, најчесто од семејството на халуциногени фенитиламини, вклучувајќи го и 2C-B.

Оваа супстанца првпат била синтетизирана во 1970-тите, а особено е забележлива по предизвикување интензивни халуцинации. Дрогата има розова боја и често се меша со мириси налик на јагоди, што го прави привлечен за помладите корисници во клубската сцена.

Еден од главните проблеми со туси дрогата е тоа што нејзините состојки варираат, така што корисниците никогаш не знаат точно што земаат, со што се зголемува ризикот од опасни несакани ефекти. Дрогата е поврзана со Колумбија, каде што производството е најраспространето, а најмногу се користи во Шпанија и други европски земји.

Експертите предупредуваат дека туси е исклучително опасен поради неговата непредвидливост и потенцијално токсичните состојки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата