Објавен токсиколошки извештај на Лиам Пејн: Пронајдени траги од „розов кокаин“.

22.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавен токсиколошки извештај на Лиам Пејн: Пронајдени траги од „розов кокаин“.

 Пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во телото, меѓу кои и „розов кокаин“, се вели во извештајот на аргентинската полиција.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

„Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговото тело кога паднал до смрт од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес“, се вели во извештајот.

- Тие супстанци го вклучуваа „розовиот кокаин“ - рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку лекови вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други - како и кокаин, бензодиазепини и крек. Во неговата хотелска соба била пронајдена и импровизирана алуминиумска цевка за внесување на дрога - се наведува исто така.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата