Ниту камерите не можеа да ги сокријат „искрите кои летаа“ меѓу славниот тенисер Новак Ѓоковиќ и турската актерка Еџе Сукан за време на снимањето на реклама за синџир луксузни хотели!
Снимањето, кое требаше да биде рутинска работа, се претвори во нешто многу повеќе, кога камерите уловија момент на блискост меѓу Новак и шармантната Еџе.
Дури е регистриран и бакнежот меѓу двајцата „актери“ во рекламата.
Хемијата меѓу Ноле и Еџе беше „повеќе од очигледна“, така што нема сомнеж дека е завршена одлична работа за време на снимањето на рекламата.