Некогашниот топ модел Алесандра Амбросио ни одблизу не изгледа како што сме мислеле

21.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Некогашниот топ модел Алесандра Амбросио ни одблизу не изгледа како што сме мислеле

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (43) многу добро знае дека витко и атлетско тело не се гради лесно. Затоа таа сака редовно да вежба и да спортува иако повеќе не се занимава професионално со манекенство. Да потсетиме, таа се пензионираше на 36 години, а омилено место за вежбање ѝ е плажата каде често игра одбојка со другарките. Овој пат папараците ја уловиле како трча на плажа во друштво на пријателка.

Познато е дека Амбросио напорно работи да го одржи своето тело во завидна состојба. Таа е мајка на две деца, но и покрај сите обврски не се откажува од своето идеално тело. Таа повеќе пати кажа дека не верува во диети, но се труди да се храни здраво и да има редовни тренинзи. Обично вежба пред ручек, а кога сака да се заслади, јаде „енергетски плочки“ и овошје.

- Не исклучувам никаков вид на храна - ако ми се јаде темно чоколадо или ми се пие вино, ќе си го дозволам тоа, но важно е да се контролирате и да каснете или да се напиете малку, никогаш премногу – изјавила таа некогаш.

На новите фотографии кои ги направија папараците, таа беше забележана во беж шорцеви и бела блуза на раскопчување. Нејзините витки нозе се во преден план, а не се ни обидела да го ниту сокрие стомакот.

Овој пат фотографиите изгледа ја покажуваат вистинската состојба на работите. Иако таа е неспорно една од најзгодните манекенки на денешницата, фотографиите покажуваат дека и таа не е совршена. Мускулестите нозе реално изгледаат поинаку од она што е прикажано кај неа на социјалната мрежа Инстаграм.

На нозете има видливи вени, а на бутините се забележува и целулит. Инаку, целулитот е честа појава и кај слабите луѓе, а најчесто е резултат на недоволно внесување вода и лоши навики во исхраната.

Исто така, на една од фотографиите се гледа нејзиниот стомак со опуштена кожа, што не е ни чудо со оглед на тоа што се пораѓаше двапати. И покрај наведеното, таа и понатаму е една од најубавите и најзгодните манекенки, и на ваква линија во 43-тата година би и позавиделе многумина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата