На ТикТок се шири чудна теорија: Ова не е Бритни Спирс, ѝ го лажираат лицето (ВИДЕО)

8.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На ТикТок се шири чудна теорија: Ова не е Бритни Спирс, ѝ го лажираат лицето (ВИДЕО)

Сепак, нејзиниот подем не беше без предизвици. Таа се соочи со интензивни напади на папараци и често беше критикувана за нејзиното однесување во јавноста, вклучувајќи ги и односите со други познати личности и нејзината борба со зависноста. Имено, таа во 2007 година доживеала нервен слом, кој вклучувал бричење на главата и напад на папараци со чадор.

Години по нејзиниот напад, Бритни Спирс беше ставена под старателство, правен аранжман кој дава контрола на друго лице или ентитет врз финансиските и личните работи на поединецот. Во случајот со Бритни Спирс, нејзиниот татко Џејми Спирс беше именуван за нејзин старател и оттогаш ги контролира нејзините финансии и личните одлуки. Старателството е извор на контроверзии и загриженост за многу обожаватели на Бритни Спирс, кои веруваат дека таа е третирана неправедно и дека нејзините права се прекршени. Во последниве години, движењето „Слобода за Бритни“ добива на популарност, а поддржувачите на споменатото движење повикуваат да се стави крај на т.н. „старателство“ и дозволување на Бритни Спирс да си го живее животот онака како што таа сака.

Имено, во ноември 2021 година таа конечно беше ослободена од надзорот, но постои теорија на заговор дека Бритни која ја гледаме во последно време всушност не е таа.

Вирален TikTok што се споделува на повеќе платформи на социјалните медиуми содржи видео од Бритни како танцува и изгледа многу сомнително.

– Ова не е Бритни – рече TikToker @catvalles7.

– Некој користел филтер за да личи на неа и ќе го докажам тоа – додал корисникот.

Споменатиот TikToker го забавил видеото и истакнал дел од секундата што е многу лесно да се пропушти: додека Бритни ги спушта рацете над главата, филтерот на нејзиното лице исчезнува за момент. Кога видеото ќе паузира, нејзините веѓи и очи се разликуваат од оние на вистинската Бритни. Девојката е синоока и изгледа многу помладо од Бритни која моментално има 41 година.

– Ова е синоока со филтер на Бритни. Многу брзо и лесно се промашува, но јас го фатив – напишал тиктокерот.

@catspills DEEP FAKE- research it. If you don’t believe it, screen record videos from her page & slow them down frame by frame. several of her tats are there 1 min and gone the next #deepfake #ripbritney #britneyspears #proof #disappear #mkultra #hollyweird #wheresbritney #wheresbritneyspears #caughtoncamera #caughtredhanded #deepfakes #britneyarmy #britneysnotfree #findbritneyspears #findbritney ♬ original sound – Cat Valles

Иако ова звучи како луда теорија на заговор, има толку многу неверојатни теории на заговор во Холивуд кои вклучуваат познати личности што е тешко барем да не ве заинтригира оваа идеја.

Многумина во коментарите се согласија, па дури рекоа дека долго време не чувствувале како ова да е вистинската Бритни.

– Мислам дека на крајот ќе се дознае дека таа повеќе не е жива – вели една личност во коментарите.

Сепак, ова не е единствениот доказ што го има @catvalles7. Таа на својот Инстаграм извадила многу видеа од Бритни како танцува во нејзината куќа, истакнувајќи дека тетоважите на Бритни исчезнуваат во еден кадар, но одеднаш се појавуваат во следниот кадар од истото видео. Теоријата е дека некој се претставува како Бритни и користи т.н „Deepfake technology“ за личноста да изгледа токму како Бритни, поради што има нарушувања каде тетоважите наеднаш исчезнуваат и повторно се појавуваат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата