Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вечерва во Прилеп

На сцена се пее, а зад сцена… Погледнете што се случува (Фото)

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На сцена се пее, а зад сцена… Погледнете што се случува (Фото)

По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме“ вечерва гостува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“. И овој пат публиката ќе ужива во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“…, но и гласовите на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Ако се суди според она што досега имавме можност да го видиме на настапите во Штип, Битола и Велес, забава нема да недостасува, ниту на сцената ниту зад неа. Особено зад, затоа што таму секогаш по непишано правило е најинтересно.

Паѓаат сериозни муабети, трачеви, многу смеење, а што е најважно има многу позитивна енергија. Бидејќи нели фотографиите вредат повеќе од илјада збора, уживајте во галеријата во продолжение и откријте чии „телохранители“ се Оги и Тара, што прави Сузе додека Бојана пее, кој му ги дава најдобрите совети на Ламбе и на кои двајца колеги најдобро им оди муабетот. И да, еден не смее да „мрдне“ од сопругата, а и како би мрднал кога му е колешка и заедно пеат…

 

Сузана Спасовска и Бојана Скендеровски во „сериозни“ колегијални муабети, а Мина учи од најдобрите

 

Мина изгледа во Штип ја научи лекцијата, па си најде телохранители – Огнен и Тара, додуша повеќе телефони гледаат од неа, ама…

Ламбе и Мицевски ни јадат ни пијат, сериозна тема фатиле

Со жени тешко без нив уште потешко – Наум меѓу своите жени, или дел од нив

 

Наум и Миле – две легенди на иста маса

Без селфи не бива

 

Женски муабети со Бојана, Сузе и Андријана

И за крај, една уметничка фотка… за лајкови. Боки мора да се изгази!

 

Фото: Вечер.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата