Меган Маркл ги кани обожавателките на „женски викенд“ во Австралија

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меган Маркл ги кани обожавателките на „женски викенд“ во Австралија

 За настанот, имено, таа ветува „инспиративни разговори“ и „малку магија“ меѓу 17. и 19 април. Според наводите, сѐ тоа вклучува гала-вечера, дискусија и групна фотографија со Маркл, а гостите ќе добијат и подароци.

ВИП-влезниците чинат 2.288 долари, но како што е нагласено во објавата - „кој рано рани“, може да добие влезница и за помалку од 2.000 долари.

„Ако некогаш сте посакале викенд што ќе Ви ја исполни чашата и ќе Ве потсети колку сме моќни ние жените кога се собираме… Еве го тоа“, пишува во рекламата на Инстаграм-страницата на Маркл. „Донесете ја Вашата најдобра другарка, дојдете сами или соберете ги Вашите девојки - со нетрпение чекаме да Ве видиме таму.“

Настанот е ограничен на 300 гости.

Војвотката од Сасекс патува во Сиднеј со принцот Хари. Патувањето е првата посета на двојката на Австралија по нивната кралевска турнеја во 2018 година, според „Пипл“ (People). Не се очекува овојпат ниту едно од нивните две деца да патува во Сиднеј.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата