Леонардо ДиКаприо вложил милиони во познат бренд- компанијата пријавила големи загуби

26.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Леонардо ДиКаприо вложил милиони во познат бренд- компанијата пријавила големи загуби

Компанијата Wild Loci Ltd., која произведува трендовски патики Loci, пријавила загуби од 2,7 милиони фунти, вклучително и над 700.000 фунти што им ги должат на доверителите. Компанијата минатата година изгубила над 900 илјади фунти.

Станува збор за патики направени од рециклиран бамбус, пена и гума, а за секој направен пар патики се користат 20 пластични шишиња. Патиките чинат околу 170 фунти и се хит кај познатите личности. Актерот инвестирал три милиони фунти во текот на изминатата година за да помогне во развојот на брендот. „Тој го гледа светот исто како што ние го гледаме. Апсолутен благослов е да го имаш во тимот“, изјавил еднаш основачот на брендот Емануел Ерибо.

Актерот открил дека е горд што е инвеститор во еколошки свесен бренд. „Горд сум што сум инвеститор во бренд посветен на минимизирање на неговото влијание врз животната средина и фокусиран на создавање етички обувки без суровост“, сподели актерот. Ди Каприо долги години е активист во борбата против климатските промени. Да потсетиме дека во 1998 година ја основал фондацијата Леонардо ди Каприо, која поддржува проекти за заштита на животната средина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата