Селена Гомез и официјално е милијардерка, сега е меѓу најмладите милијардери во САД (ВИДЕО)

7.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Селена Гомез и официјално е милијардерка, сега е меѓу најмладите милијардери во САД (ВИДЕО)

Исклучителен успех постигна како пејачка и актерка, но и како претприемач. Селена сега е меѓу најмладите милијардери во САД.

Нејзината вкупна вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Иако првенствено е позната како пејачка и актерка, најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од брендот за шминка Rare Beauty, кој го лансираше во 2020 година.

Според Time, „Rare Beauty е најпродаваниот производ на Sephora и е достапен во 36 земји“ и продолжува да заработува повеќе пари. Минатата година, најпопуларниот производ на нејзиниот бренд беше течно руменило од 23 долари.

Дел од нејзиното богатство доаѓа од глумата со која почнала да се занимава уште како дете, а добро заработува и како пејачка со хитовите како „Calm Down“ и „The Heart Wants What It Wants“. Таа се занимава и со менталното здравје преку платформата Wondermind и е трета најследена личност на Инстаграм со 424 милиони следбеници.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Да потсетиме, минатиот декември Селена потврди дека шест месеци е во врска со Бени Бланко, а потоа го нарече „најдоброто нешто“ што ѝ се случило и рече дека тој се однесува „подобро од кое било човечко суштество со неа на оваа планета“. Инаку, Селена и Бени се познаваат со години бидејќи соработуваа со Џеј Балвин на песната I Can't Get Enough од 2019 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата