Леонардо Дикаприо со шокантна трансформација, никој не го препозна

10.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Леонардо Дикаприо со шокантна трансформација, никој не го препозна

 Тамошната јавност со интерес го следи секој негов потег, а таму се и неговата партнерка на снимањето, актерката Џенифер Лоренс, како и познатиот режисер Мартин Скорсезе, па публиката има можност да ја почувствува вистинската холивудска атмосфера.

Сепак, Леонардо сигурно предизвика најголем интерес, пред сè поради големата трансформација што ја претрпел. На папарацо фотографиите што се појавија, може да се види дека актерот изгледа постар, подебел и има мустаќи.

Инаку, покрај овој проект, неодамна беше објавено дека Дикаприо ќе работи и на вториот дел од култниот трилер „Жешка“ заедно со Кристијан Бејл. Снимањето е закажано да започне во август оваа година во Чикаго, додека дополнителни локации се планирани во Лос Анџелес, Лас Вегас, Сингапур и Парагвај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата