Лејди Гага настапи на отворањето на Олимпијадата во Париз, пееше на француски (ВИДЕО)

26.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лејди Гага настапи на отворањето на Олимпијадата во Париз, пееше на француски (ВИДЕО)

Таа ја изведе песната Zizi Jeanmaire Mon Truc en Plumes.

Таа пееше на француски, а присутните ги поздрави со зборовите „Добредојдовте во Париз“. Откако се спушти по скалите, Гага свиреше на клавир и го испеа рефренот на песната.

38-годишната пејачка се појави во црно боди, гаќички и црни потпетици. Нејзините танчерки исто така носеа црна облека.

Ова е првпат Гага да настапува на Олимпијада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата