Камерон Дијаз за паузата од актерството: Најдобри десет години во животот (ВИДЕО)

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камерон Дијаз за паузата од актерството: Најдобри десет години во животот (ВИДЕО)

Не е познато дали ова е нејзино трајно враќање на актерството, но, како што рече во емисијата на Греам Нортон на Би-Би-Си, „ова можеби е почеток, не знам“.

На прашањето дали ѝ се допаѓа анонимноста и тоа што се вратила чекор наназад, таа рече: „О, Боже, да, ми се допадна“ и додаде дека тоа ѝ овозможило слободно да ја исполни улогата на мајка и сопруга, но таа е „навистина среќна и благодарна“ што се враќа на глумата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Нејзината последна улога, онаа на г-ѓа Ханиган во римејкот на филмот Ени, беше во 2014 година. Случајно, нејзиниот партнер и во тој филм беше Фокс. Но, Дијаз (52) официјално го потврди своето повлекување од актерството во 2018 година.

Фокс, кој досега двапати соработуваше со Дијаз, на шега рече дека „многу понизно“ ја повикал да се врати во индустријата. Ја прашал дали ќе се врати и „ќе нѐ почести со својот неверојатен талент“, што, се разбира, не можела да го одбие, рекол и ги насмеал присутните.

Во филмот Back in Action, Дијаз и Фокс (57) играат брачна двојка со деца. Во исто време, тие се поранешни шпиони кои се принудени да одат во пензија кога нивните животи се во опасност.

Зборувајќи за нејзината пауза од снимањето филмови, Дијаз рече дека тоа биле „најдобрите 10 години од нејзиниот живот“. Иако целото ова време ги одбиваше улогите, таа му кажа на Нортон дека и денес чувствува дека е „привилегија“ да глуми.

„Би била навистина глупава да го пропуштам ова сега, сета таа добра волја што расте во мене толку долго, страста да правам филмови што ќе ги забавуваат и насмеат луѓето, ако не се вратам, ако не ја искористи оваа прилика и... Ќе бидам благодарна“, објасни таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата