Русокосата пејачка и нејзиниот партнер, како што објавија медиумите, планираат венчавка, сепак пејачката истакнува дека нема ништо од тоа.
„Вљубена сум и среќна, тоа е вистина, но нема да се мажам. Полека, полека, има време. Особено не планирам две свадби“, изјави Јелена Розга за Story.hr.
Регионот веќе шпекулираше за деталите од свадбата што ја планираа.
„Кај Јелена и Иван се почесто се слушаат свадбени ѕвона. Толку долго го чекаше вистинскиот и тој е тука. Останува само официјално да кажат кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека тоа ќе биде на лето, но има сите шанси да биде наесен“, изјави извор близок до парот.
Пејачката и наследникот на славниот композитор врската ја започнаа за време на работата на нејзината песна „Од кехо сам ја“, а Иван ја поддржуваше Јелена за време на нејзините концерти во декември и јануари во белградскиот Сава центар, пренесува Телеграф.