Балканската музичка ѕвезда Јелена Розга се мажи за синот на легендарниот композитор, музичар...Тончи Хуљиќ, Иван!
Како што ексклузивно дознава Курир.рс. , свечената церемонија ќе се одржи во Сплит наесен.
Семејството и најблиските пријатели ќе бидат на забавата, па поканите ќе пристигнат на околу 500 адреси. Но, тоа не е се. Идните младенци ќе имаат дури две свадби. Една во Хрватска, а втората ќе биде на некоја егзотична дестинација.
Моментално во домот на Розга и Хуљиќ се избира дали тоа ќе бидат популарните Малдиви или Бали.
- Во домот на Јелена и Иван се почесто се слушаат свадбени ѕвона. Толку долго го чекаше вистинскиот и тој е тука. Останува само официјално да кажат кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека ќе биде на лето, но има сите шанси да биде наесен - вели добро информиран извор близок до парот.