Хајек, која го прослави својот 60-ти роденден на почетокот на септември, зборуваше за преселбата и за ова ново поглавје од нејзиниот живот во интервју за магазинот „The Cut“, водено од нејзината пријателка и колешка, филмската авторка Анџелина Џоли.
Со нетрпение се очекува новата деценија
Салма Хајек изјави дека со нетрпение ја очекува новата деценија од животот и сè што таа носи. „Се чувствувам млада. Извинете... Всушност, не, нема да се извинувам“, рече таа. „Се чувствувам добро на оваа возраст. Денес се чувствувам подобро од кога било претходно. Тоа е чуден парадокс: како што старееме, ние жените имаме повеќе што да кажеме и знаеме како тоа појасно да го изразиме. Сепак, добиваме сè помалку можности да зборуваме. Тоа нема никаква смисла.“
Променет е и семејниот живот
Актерката се осврна и на промените во семејството сега кога децата се возрасни. „Со нетрпение очекувам да научам како да бидам тука за моите деца во оваа нова фаза од нивните животи, што значи дека треба одново да научам многу работи“, рече таа.
Хајек и Пино имаат 18-годишна ќерка, Валентина. Актерката е и маќеа на децата на Пино од претходните врски: Франсоа Џуниор (38), Матилда (25) и Огистен (19). Таа неодамна стана баба откако Франсоа Џуниор доби син. Париз сега е нивниот постојан дом.
Откако семејството се насели во Париз, Хајек поминува повеќе време со своите деца и со сопругот. „Среќна сум што мојот прекрасен однос со сопругот продолжува да се развива и што постојано откриваме нови работи еден за друг“, рече таа. „Навистина уживам во животот во Париз во моментов. Живеам во нова куќа, а мојата најстара ќерка навраќа секој ден. Уживам во фактот што таа сега е возрасна личност и што живееме во истиот град. Таа има свој стан.“
Таа објасни дека, иако порано поминувала многу време во Париз, ова е првпат навистина да живее таму постојано. „Порано често доаѓав овде, но главно за викенди. Сега сум тука постојано. Ова е сосема нов живот за мене. Децата веќе не живеат со нас; останавме само ние двајца.“
За време на разговорот, таа исто така откри дека се обидела да ја убеди Анџелина Џоли да ѝ се придружи во Париз. „За малку ќе те убедев да се преселиш овде. Размислуваше за тоа. Постојано ти велев: ’Ајде, не можеш да ме оставиш сосема сама‘. Но, ти сакаше нешто подиво“, рече Хајек.
Џоли, мајка на шест деца, одговори: „Си поминавме одлично. Ми требаше малку забава. Ме запозна во тежок период од мојот живот и успеа да ме насмееш.“
Извор: Б92

