Актерката во најновата епизода од нејзиниот „The goop Podcast“ открива дека попуштила во врска со нејзините строги правила за исхрана и сега, одвреме-навреме си дозволува одредени задоволства.
„Сега ми е доста од тоа“
„Пред неколку години поминав на палео диета, иако сега, искрено, малку ми е доста од тоа, па повторно јадам малку леб од кисело тесто и сирење“, признава таа во подкастот. „Ете, си реков - малку тестенини. Откако бев многу строга со години“, додава таа. Палтроу нагласува дека сè уште се труди да јаде што е можно поприродно и посвежо за да се справи со „долготрајното воспаление“ и здравствените проблеми што ги имаше, но признава дека можеби на почетокот и претерала.
„Во еден момент целосно се посветив на макробиотиката. Тоа беше интересен период во кој станав опседната со исклучително здрава исхрана. Мислам дека всушност се обидував да го излечам татко ми преку себе, а тој навистина не сакаше ништо во врска со тоа“, се присетува таа, говорејќи за нејзиниот покоен татко, кој почина во 2002 година по долгогодишната борба со ракот на грлото.
„Бев фасцинирана од идејата дека моќта е во наши раце“
„Бев едноставно фасцинирана од идејата дека моќта е во наши раце - дека ако се однесуваме со почит кон себеси, се хидрираме и јадеме целозрнеста храна, можеме да се чувствуваме многу подобро. Бев опиена од таа идеја и денес сè уште се чувствувам така“, објасни таа.
Актерката вели дека сега практикува урамнотежена исхрана и повеќе не се држи строго до правилата за исхрана. Таа додава дека здравата храна ѝ служи како „еден вид шаблон“ за живот.
Патем, палео диетата се заснова на храна што можела да се јаде во палеолитскиот период, приближно помеѓу 2,5 милиони и 10.000 години пред Христа. Денешната палео диета вклучува овошје, зеленчук, посно месо, риба, јајца, јаткасти плодови и семки.