Фото: „Вистинскиот“ Роналдо се ожени со 14 години помлада манекенка

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: „Вистинскиот“ Роналдо се ожени со 14 години помлада манекенка

Новата сопруга на славниот фудбалер е 14 години помладата манекенка и модел Селина Локс.

Свечената свадбена церемонија се одржала на Ибица, а младенците веднаш ја објавија радосната вест на социјалните мрежи.

– Ги собираме нашите семејства и најблиските пријатели на црковна венчавка, со која започнуваме една недела на празнување – напишала Селина во описот на фотографијата.

Роналдо и убавата Селина се запознале во 2015 година и оттогаш се во врска.

Во јануари годинава, парот се сврши додека беше на одмор во Доминиканската Република, па венчавката беше очекувана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата