Ова го открија фотографиите објавени од нејзината внука Луција Холи на Инстаграм. Луција откри дека ги посетила Хвар и Дубровник со нејзината мајка Антонија Кидман, тетката Никол и роднините.
„Не сакаме да си одиме“
Таа, исто така, сподели фотографии од ресторанот и покрај видео на кое сите танцуваат заедно во самрак напиша: „Никогаш не сакаме да си одиме!“ „Тешко дека може да биде подобро од ова“, додаде таа во друга објава.
Странските медиуми, како што е американскиот „Пејџ Сикс“, исто така известија за одморот. Патем, Луција е ќерка на сестрата на Никол, Антонија, и е новинарка по професија.
Извор: Индекс.хр