Фото: Непријатната средба на Бен Афлек со Џенифер Лопез:

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Непријатната средба на Бен Афлек со Џенифер Лопез:

Холивудскиот актер Бен Афлек се нашол во, како што покажуваат фотографиите, прилично незгодна ситуација во петокот навечер во Лос Анџелес, кога двете негови поранешни сопруги - Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер - се појавиле на иста училишна претстава.

Повод за повторното обединување беше претстава во која ќерката на Афлек и Гарнер, Серафина, како и Ема, детето на Џенифер Лопез настапувале во иста претстава.

Според фотографиите добиени од Page Six, Афлек пристигнал во театарот со Џенифер Гарнер и нивниот син Самуел (13), додека Лопез пристигнала со  менаџерот Бени Медина и мајката Гвадалупе

Иако сите се сретнале на исто место, изворите велат дека немало директна комуникација меѓу поранешните сопружници, барем не во јавниот дел од настанот.

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез била видена само како разговара со други родители и деца.

Во еден момент, Афлек и Лопез се нашле на кратко растојание еден од друг, но разговарале со различни групи луѓе, при што Бен бил  свртен со грб кон неговата поранешна сопруга.

Интересно е што синот на Афлек, Самуел, сепак одвоил време да разговара со Лопез, со која развил близок однос за време на нејзиниот брак со неговиот татко. Двајцата се видени како се смешкаат и лежерно разговараат пред театарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата