Фото: Најголемиот заводник Бред Пит шарен од глава до петици!!

18.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Најголемиот заводник Бред Пит шарен од глава до петици!!

Според многимина со последните постапки 61 годишниот заводник покажал дека доживува криза на средните години.

Бред Пит е фотографиран во впечатлив стил викендов во Њујорк, што го направи главна тема на разговор во градот.

61-годишниот актер излезе во  „tie-dye“ комбинација. Бред се прошета низ Њујорк во шарена маица и тренерка. На актерот, кој оваа недела беше на двоен состанок со девојката Инес де Рамон, му се придружи и Џими Фалон, кој исто така носеше „tie-dye“ комбинација.

Пит го промени својот имиџ и се врати на познатата фризура што ја носеше пред околу 20 години, таканаречената „buzz cut“, а вниманието го привлече со својата седа брада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата