Почина иконата на козметичката индустрија – од бренд за шминка создаде глобална сила

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина иконата на козметичката индустрија – од бренд за шминка создаде глобална сила

Леонард Лаудер ја создаде првата лабораторија за истражување и развој во фирмата и беше „движечка сила“ зад нејзиното проширување во Европа и Азија. Во еден период, неговото богатство надминало 18 милијарди долари.

Лаудер му се приклучил на семејниот бизнис во 1958 година по служба во американската морнарица, а подоцна станал претседател и главен извршен директор.

– Повеќе од шест децении, господинот Лаудер беше визионер и иноватор, помагајќи во трансформацијата на бизнисот – се наведува во соопштението на компанијата.

Претприемачот одиграл клучна улога во тоа „Ести Лаудер“ да премине од продажба на мал број производи во американски продавници до сопственост на бројни брендови на меѓународно ниво.

Покрај создавањето брендови како „Clinique и Aramis“, Лаудер бил опишан како вешт преговарач, учествувајќи во аквизиции на „Bobbi Brown“ и „Jo Malone London“.

Неговиот син Вилијам, кој сè уште е активен во семејниот бизнис, изјави:

– Во текот на целиот свој живот, мојот татко неуморно работеше на градење и трансформирање на индустријата за убавина. Тој беше пионер во многу иновации, трендови и најдобри практики кои денес се темел на индустријата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

Вилијам Лаудер, кој сега е претседател на управниот одбор, додаде:

– Неговиот влијание беше огромно. Веруваше дека вработените се срцето и душата на нашата компанија и тие го обожаваа него и времето поминато со него.

Леонард Лаудер ја основал првата лабораторија за истражување и развој на компанијата и бил „движечка сила“ зад проширувањето во Европа и Азија.

Роден е во Њујорк во 1933 година, а според проценките на „Форбс“, неговото нето богатство достигнало 25,5 милијарди долари во 2021 година.

Тој беше главен извршен директор на „Ести Лаудер“ од 1982 до 1999 година, а претседател од 1995 до 2009 година, по што остана почесен претседател сè до неговата смрт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата