Фото: Хали Бери во фустан кој открива се, но ништо не се гледа!?

10.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Хали Бери во фустан кој открива се, но ништо не се гледа!?

Мегапопуларната актерка Хали Бери, која и на 58-годишна возраст се уште е на листата на најубави жени во Холивуд, присуствуваше на церемонијата на затворање на третиот годишен Меѓународен филмски фестивал Црвеното Море, кој се одржува во Џеда, Саудиска Арабија.

Актерката го привлече целото внимание на фоторепортерите и јавноста во златен фустан на „Elie Saab“ кој откриваше речиси сè, а сепак не покажуваше ништо.

Прекрасната креација е целосно затворена, со ракави, а деколтето е многу впечатливо, бидејќи во пределот на градите и горниот дел има орнаменти кои не ја преминуваат линијата на вулгарност и пристојност.

Хали Бери го украде шоуто во оваа навистина ефикасна креација, а на церемонијата дојде со својот долгогодишен партнер Ван Хант.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Инаку, за фоторепортерите во преден план беше деколтето на убавата актерка, која неодамна и официјално се разведе од Оливие Мартинез, со кој беше во брак две години, а парницата траеше осум години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата