Фото: Кејт Мидлтон во фустан кој некогаш го носеше принцезата Дијана

24.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Кејт Мидлтон во фустан кој некогаш го носеше принцезата Дијана

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон воодушеви со модна комбинација и оддаде почит на принцезата Дијана.

Заедно со членовите на кралското семејство, Кејт Мидлтон престојуваше во капелата Свети Џорџ во Виндзор.

Кејт е позната по тоа што често наоѓа инспирација за стајлинг во изданијата на мајката на нејзиниот сопруг, прерано починатата принцеза Дијана, па реши да облече елегантен црно-бел фустан идентичен на оној што го носеше популарната Лејди Ди во далечната 1988 година.

Во 1988 година, принцезата Дијана ги засени сите кога облече бел фустан со црни точки од брендот „Victor Edelstein Model“ кој го комбинираше со сандали „Mary Jane“.

Принцезата од Велс се појави во речиси идентичен фустан и црно-бели чевли. Кејт се одлучи за бел фустан со црни точки од брендот „Алесандра Рич“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата