Фото: Бриџит Фонда е непрепознатлива: Ослабе 45 килограми и најави големо враќање на филмското платно

5.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Бриџит Фонда е непрепознатлива: Ослабе 45 килограми и најави големо враќање на филмското платно

Сите ѝ предвидуваа блескава актерска кариера, со оглед на тоа што потекнува од семејство кое ја негува оваа уметност. Сепак, сообраќајната несреќа што ја доживеа во 2002 година ја запре на тој пат.

Од тој момент, Бриџит Фонда повеќе не беше истата личност. Самиот настан влијаеше на нејзината психофизичка состојба, па дури и го промени својот личен опис.

Не обрнуваше премногу внимание на својот физички изглед и многу се здебели. Минатата година таа ја потврди веста дека конечно се повлекува од филмското платно и дека не очекуваме големи проекти од нејзина страна.

Меѓутоа сега во јавноста се појавија нови фотки од Бриџит со сосема поинаков изглед.

Фотографите од странските медиуми неодамна ја фотографираа во сосема обична прошетка во Лос Анџелес, а таа привлече внимание со својот изглед. Како што објавија медиумите, таа успеа да ослабе 45 килограми и со тоа да ја врати самодовербата.

За оваа пригода, таа носеше лежерна комбинација - црна тренерка, маица и шарена наметка со интересни детали. Таа беше видливо расположена, а многумина сега прашуваат - дали е подготвена да се врати на глумата?

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата