Наградата се доделува на поединци кои „ја менуваат улогата на жените во филмот и во општеството“, објави BFMTV.
- Џулијан Мур е наградена за нејзината посветеност на женските гласови и различноста во филмската индустрија, како и за нејзината работа за промовирање поголема застапеност и еднаквост за жените, соопштија организаторите на фестивалот и групацијата Kering, која ја создаде наградата.
Актерката го изрази своето задоволство што ја доби престижната награда.
- Отсекогаш верував дека видливоста игра голема улога и дека приказните што избираме да ги раскажеме можат да им дадат повеќе простор и поголема разновидност на жените, и на големото платно и зад камерата, рече 65-годишната актерка.
Џулијан Мур глумеше во повеќе од 70 филмови, вклучувајќи ги „Часовите“, „Ноќите на буги“ и „Далеку од небото“. Актерката треба да глуми во мјузикл, чиј сè уште нема наслов, во режија на Џеси Ајзенберг, а е вклучена и во движењето за ставање крај на насилството со оружје во Соединетите Американски Држави.

