Мегапопуларната актерка Џенифер Анистон привлече големо внимание со својата нова врска со гуруто за љубов Џим Кертис.
Двојката првично одби да коментира за деталите од нивната врска, но од нивните лица беше јасно колку се заљубени. Дека ова е вистина сведочи и најновиот потег на Анистон, која ја објави својата прва заедничка фотографија на Инстаграм и му посака среќен роденден на Кертис.
„Среќен роденден, љубов моја“, напиша таа под објавата.
Претходно, во серија фотографии посветени на летото, актерката објави и една со Кертис, но овој пат, и таа е на фотографијата.

