Џастин Бибер за 10 милиони долари ќе запее на свадба

6.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џастин Бибер за 10 милиони долари ќе запее на свадба

Џастин Бибер е фотографиран на аеродромот во Мумбаи, каде што пристигнал да пее на свадба на еден милионер.

Музичката ѕвезда Џастин Бибер веќе некое време е на пауза, па многу фанови се прашуваат кога ќе објави нова песна и ќе закаже концерти. Последната турнеја Бибер ја прекина во 2022 година, објаснувајќи дека сака да се посвети на своето здравје.

Бибер дефинитивно не е имун на пари, па се шпекулира дека за 10 милиони долари решил да стави крај на паузата, а можеби и здравјето му се подобрило.

Додека тој и неговата сопруга Хејли Бибер го чекаат своето прво дете, Џастин се упати во Мумбаи, Индија, каде ќе настапи на свадбата на индискиот милијардер Анант Амбани.

Неговиот настап се очекува да биде врв на вечерта на која ќе настапат познати личности од целиот свет. Венчавката на 29-годишниот Анант Амбани со Радика Мерчант, која е негова љубов од детството, треба да се одржи на 12 јули.

Пред самата церемонија, најбогатиот човек во Азија, Мукеш Амбани, по повод венчавката на неговиот син Анант приреди разни забави за своите гости.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата