Нејзините обожаватели се прикрале во хотелот и ја чекале пред вратата од нејзината спална соба. Покрај неколкуте обожаватели кои стоеле пред нејзината врата, ја чекале и во другите соби од хотелот, а овој безбедносен пропуст доведе до итна проверка на нејзиното обезбедување, пренесува Дејли Мејл.
"Тие беа очајни да ја видат. Група обожаватели добија пристап не само до катот на кој беше таа, туку некои беа застанати и надвор од нејзината соба. Обезбедувањето на крајот извршило дополнителна проверка, а уште неколку обожаватели ја чекале до лифтот. Пејачката им кажала дека „Во хотелот нема да дава фотографии“, изјави извор за странските медиуми.
Пејачката се најде во слична ситуација во јуни минатата година, откако TikToker влезе во просторот каде што таа вежбала. Инцидентот се случил во Бирмингем неколку дена пред нејзиниот настап на фестивалот Гластонбери.
За потсетување, 29-годишната пејачка неодамна ги поттикна гласините за нејзината свршувачка со нејзиното момче, актерот Калум Тарнер (34). Таа на Инстаграм сподели серија фотографии на кои покажува како ги поминала празниците, а фановите на една фотографија забележале дека носи дијамантски прстен на левата рака.
Иако ниту таа ниту нејзиното момче официјално не ја потврдија свршувачката, иако извор за британскиот весник „Сан“ изјавил дека парот се верил. "Дуа и Калум се многу вљубени и знаат дека ова е засекогаш. Тие се свршени и не можат да бидат посреќни. Дуа ја имаше една од најдобрите години во нејзината професионална кариера и ова беше шлаг на тортата", рече тој.
Двојката е во врска нешто повеќе од една година, но летово официјално ја потврдија врската. Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби, додека пејачката со албански корени ја прекина врската со францускиот режисер Ромен Гаврас во декември 2023 година.