ДОКТОРКА ПО ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА ЈА РАЗОТКРИЛА ЕСТРАДАТА: Еве што направила Цеца, ЈК и ријалити ѕвездите Од цената БОЛИ ГЛАВА

14.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДОКТОРКА ПО ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА ЈА РАЗОТКРИЛА ЕСТРАДАТА: Еве што направила Цеца, ЈК и ријалити ѕвездите Од цената БОЛИ ГЛАВА

Вршењето јавна работа често бара од жените да изгледаат убави покрај талентот. Во последните години пејачите, старлетите и другите медиумски личности прават разни естетски интервенции на лицето и телото притоа не штедат пари кога убавината е во прашање.

Некои од нив целосно го промениле личниот опис, па ретко кој би ги препознал на фотографии од минатото.
Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Александра Пријовиќ, Николија Јовановиќ, Андреана Чекиќ… се само дел од ѕвездите кои правале крекција на она што не им се допаднало.

Иако на прв поглед се гледа дека имале бројни зафати на лицето, ја контактиравме докторката по естетска медицина Марија Ристановиќ за да ни објасни што точно правеле на себе.

– Речиси сите правеа исти или слични естетски зафати. Тоа пред се е ринопластика, естетска хирургија на носот, потоа таканаречен пристап на цело лице, комплетен пристап кон ремоделирање на лицето.
Покрај тоа, поправени им се брчките на челото и околу очите со невротоксин ботокс

Во последно време многу популарен е третманот на кревање и навалување на аглите на очите и веѓите, таканаречените мачкини очи или лисици. Оваа постапка чини 850 евра.


Таа се осврна и на естетските зафати на Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша. Според докторката, она што може да се заклучи врз основа на фотографиите е дека и двете го зголемиле задникот покрај градите.


– Јасно е како ден. Вградувањето на имплант во задникот е 3.200 евра, но во странство е значително поскапо – наведува докторката.

Покрај ова, евидентно е дека пејачките ги корегирале и забите, но и веѓите, како и градите, што секако е дополнителен трошок.

Колку жените трошат за да имаат задоволителен изглед ни откри и д-р Марија Ристановиќ.

– Хируршката операција на носот е околу 2.500 евра, а филерите се движат од околу 200 до 250 евра за милилитар, ботоксот по зона е 100-120 евра. Грубо, за едно ремоделирање на лицето кое вклучува филери и ботокс, потребно е да се издвојат од 2.000 до 3.000 евра, во зависност од состојбата и желбите на пациентот – заклучува д-р Ристановиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата