Диди во писмо бара помилување од Трамп- веднаш доби одговор

10.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Диди во писмо бара помилување од Трамп- веднаш доби одговор

Познатиот рапер, 56-годишниот Диди, неодамна беше осуден на 50 месеци затвор откако беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за транспорт со цел вршење проституција.

Во ексклузивен извештај објавен од „Њујорк тајмс“ на 8 јануари, 79-годишниот Трамп потврди дека „побарал помилување“.

Кога директно го прашале дали ја разгледува можноста, Трамп одговорил дека „нема намера да му помогне“ на озлогласениот рапер.

Претседателот, исто така, изјавил дека Комбс му се обратил „со писмо“.

Кога новинарите побарале повеќе детали за барањето на Диди, Трамп возвратил со прашање:

„О, дали би сакале да го видите тоа писмо?“, но на крајот не го доставил.

Трамп, исто така, им откри на новинарите во Белата куќа минатата година дека Диди побарал помилување, потврдувајќи дека добил конкретно барање во врска со осудениот рапер.

„Го викам Паф Деди, ме замоли за помилување“, рече претседателот во тоа време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата