Бритни Спирс уапсена поради возење под дејство на опијати

5.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бритни Спирс уапсена поради возење под дејство на опијати

Поранешната тинејџерска музичка ѕвезда, сега контроверзната Бритни Спирс е уапсена синоќа, во округот Вентура, Калифорнија, поради возење под дејство на опијати, но во меѓувреме веќе е ослободена.

Според американските медиуми, сообраќајната полиција во Калифорнија ѝ ставила лисици околу 21:30 часот.

Кратко откако се појави веста за нејзиното апсење, исчезна и нејзиниот Инстаграм профил.

Ова не е прв пат Спирс да биде во проблеми. Во октомври 2025 година, таа беше видена како вози невнимателно и талка низ сообраќајните ленти откако излегла од ресторан во Таузанд Оукс, Калифорнија. Во тоа време, таа понуди необично објаснување за своите постапки, тврдејќи дека тоа е нејзиниот двојник. „Во случај некој да се прашува,  тоа беше двојникот не бев јас...“ напиша таа во тоа време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата