Бритни Спирс ги загрижи фановите, игра опасен танц со ножеви (ВИДЕО)

26.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бритни Спирс ги загрижи фановите, игра опасен танц со ножеви (ВИДЕО)

Поп-ѕвездата употреби два ножеви во видеото, кое го сподели со нејзините 42,1 милиони следбеници на Инстаграм, додека носеше бел долен дел од бикини и отсечен портокалов топ со точки. Нејзиниот настап го „лајкувале“ 136 илјади луѓе.

„Денес почнав да играм со ножеви во кујната. Не грижете се, тоа не се вистински ножеви!“, предупреди таа во описот на видеото.

За потсетување, Бритни моментално го чека објавувањето на нејзините мемоари „The Woman In Me“, кои ќе бидат достапни на 24 октомври. Кон средината на август беше објавено дека Бритни се разделува по една година брак од Сем Асгари (29) со кого беше во врска од 2016 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата