Ана де Армас наводно била врбувана од секта да биде во врска со Том Круз?! Актерка се огласи

16.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ана де Армас наводно била врбувана од секта да биде во врска со Том Круз?! Актерка се огласи

Ана де Армас неодамна се појави во емисијата „Good Morning America“, каде што потврди дека таа и Том Круз работат заедно на неколку проекти со режисерите Даг Лиман и Кристофер Меквари. Таа изрази возбуда за нивната соработка, но не спомена ништо за романтична врска или за вмешаност на Саентолошката црква во нивниот однос, пишува Радар.

Ана де Армас неодамна изјави дека таа и Том Круз работат заедно на неколку проекти, но не потврди никаква романтична врска. Сепак, извори блиски до актерите тврдат дека Круз е заинтересиран за де Армас и дека се обидува да ја придобие, додека таа е претпазлива поради медиумското внимание и разликите во верските убедувања.

Дефинитивно работиме на многу нешта. Не само на еден, туку на неколку проекти со Даг Лајман, Кристофер Меквори и, секако, со Том. И многу сум возбудена,“ изјави Ана де Армас, која го промовира филмот „Од светот на Џон Вик: Балерина“ (From the World of John Wick: Ballerina).

Водителот претходно ја праша за соработката со ѕвездата на акциони сцени, па таа го спомена Том Круз.

Некои извештаи наведуваат дека Ана е „зачарана“ од Том, но нејзиното семејство, кое е религиозно и католичко, има резерви поради неговата поврзаност со Саентологијата. Сепак, таа се смета за независна и самостојна жена, која самата ги носи своите одлуки.

Во моментов, нема официјални изјави од страна на Ана де Армас, Том Круз или Саентолошката црква кои би потврдиле дека таа е избрана како негова идна сопруга. Сите информации на оваа тема се засноваат на шпекулации и непотврдени извори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата