Алка Вуица падна среде сцена: Што ми правиш Версаче? (ВИДЕО)

10.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алка Вуица падна среде сцена: Што ми правиш Версаче? (ВИДЕО)

Во нејзин манир се појави во несекојдневна комбинација, светкаво-зелен костим и високи розови потпетици кои направија вистински метеж.

Додека се симнуваше од еден дел на бината на друг, Алка се лизна и падна, но во момент успеа да си го најде патот и толку убаво беше поздравена што само седна.

- Откако те нема, не ги бројам годините... - запеа Алка кога наеднаш ѝ попушти ногата и заврши на подот.

За да биде бламот поголем, се случи уште еден. Имено, таа продолжила со песната, но потоа се установило дека пее на плејбек бидејќи додека станувала, сѐ уште и се слушал гласот.

- О, овие чевли се ужасни - извика Алка, а потоа успеа да стане.

- Ова е само за Версаче бидејќи се скина ременот на чевелот. Еј, што ми правиш Версаче? Да ти е*ам Версаче – рече таа подоцна додека ја пееше „Еј, што ми правиш“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата